• петок, 20 декември 2024

Џака сака да го напушти Арсенал ова лето

Џака сака да го напушти Арсенал ова лето

Лондон, 9 мај 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Гранит Џака сака да го напушти лондонскиот клуб ова лето, пишува „The Sun“.

 

Триесетгодишниот Швајцарец добил понуда да премине во Баер Леверкузен следната сезона. Тренерот на „Топчиите“ Микел Артета нема да има ништо против заминувањето на играчот.

 

Џака е во Арсенал од 2016 година. Неговиот договор истекува во летото 2024 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 28 милиони евра.

 

Во сезоната 2022/23, Џака забележа 44 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и исто толку асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан