• петок, 05 декември 2025

Џака потпиша за Сандерленд

Џака потпиша за Сандерленд

Сандерленд, 30 јули 2025 (МИА) - Сандерленд денес објави за потпишување на фудбалерот од средниот ред на Баер, Гранит Џака. 

Договорот со 32-годишниот Швајцарец е со важност до 30 јуни 2028 година.

Претходно, инсајдерот Фабрицио Романо објави дека Сандерленд ќе плати 20 милиони евра за Џака, и покрај фактот дека главниот тренер на Баер, Ерик тен Хаг, беше против заминувањето на играчот.

Во сезоната 2024/25, Џака играше на 49 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и имаше седум асистенции. Неговиот договор со Баер беше важечки до летото 2028 година.

Џака играше и за Арсенал, Борусија Менхенгладбах и Базел. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан