• сабота, 16 ноември 2024

Ќе се поставува фотоволтаична централа на градинката „Пепелашка“ во општина Центар

Ќе се поставува фотоволтаична централа на градинката „Пепелашка“ во општина Центар

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - Општина Центар ќе ја добие првата фотоволтаична централа наменета за ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“ - објект „Пепелашка“. Станува збор за донација од компанијата ОКТА АД – Скопје која советниците ја прифатија на вчерашната 22-ра седница на Советот  на општината.

Ккако што информираат од општината, компанијата ОКТА АД – Скопје по претходно добиени информации за потрошувачката на енергија во оваа градинка донира фотоволтаична централа со капацитет од 20 киловати која според проценката целосно ќе ги задоволи потребите на градинката.

-Имавме два состаноци со одговорните на компанијата ОКТА на кои ги разгледавме нивните финансиски можности и капацитетите на предучилишните установи кои ќе треба да се задоволат. Градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ односно објектот „Пепелашка“ се покажа како најсоодветен според анализите на претпоставените лица од компанијата по што фотоволтаичната централа ќе биде поставена на тој објект. Искрено сум им благодарен на ОКТА и се надевам дека во текот на годината интерес за донација на фотоволтачни централи ќе пројават и други општествено одговорни компании, изјави Герасимовски на седницата.

Покрај донацијата, посочуваат од општината, ОКТА АД – Скопје ги презема и трошоците за подготовка, потребни дозволи и решенија, како и изведбата на проектот, односно инсталацијата на централата.

Општина Центар неодамна го формираше трговското друштво „Енергија Центар“ за производство и продажба на електрична енергија. Општинските власти порачуваат дека продолжат да вложуваат во проекти кои, како што велат, носат бенефит за општината и граѓаните.вј/aa/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан