Љуботен со два порази го заврши настапот во женската Лига на шампиони.
- Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција Љуботен со два порази го заврши настапот во Лигата на шампиони на квалификацискиот турнир во Словенија.
Раденци, 9 септември 2023 (МИА) – Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција Љуботен со два порази го заврши настапот во Лигата на шампиони на квалификацискиот турнир во Словенија.
Фудбалерките на Љуботен денеска во натпреварот за третото место претрпеа пораз од домаќинот Мура со 7-1 (4-1).
Почесниот гол за македонскиот шампион го постигна Едита Силва во 23 минута.
Воведното коло на квалификацискиот турнир во словенечкото гратче Раденци се одигра во средата во кое Љуботен беше убедливо поразен од кипарски Аполон со 9-0, додека грузиски Самегрело беше поуспешен на пенали (5-4) од домаќинот Мура. ег/дма/
Фото: Фејсбук