„Љубовна куќичка“ и „The ONE“ наградени со златни медали на Саемот за туризам и угостителство во Нови Сад
- Македонските компании „Љубовна куќичка“ и „The ONE“ апартмани добија златни медали за спој на традицијата и разноврсност во здравата исхрана, како и за врвен квалитет и сместување, во рамките на Меѓународниот саем за туризам и угостителство што се одржува во Нови Сад од 28 до 30 ноември.
Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Македонските компании „Љубовна куќичка“ и „The ONE“ апартмани добија златни медали за спој на традицијата и разновидност во здравата исхрана, како и за врвен квалитет и сместување, во рамките на Меѓународниот саем за туризам и угостителство што се одржува во Нови Сад од 28 до 30 ноември.
Земја домаќин е Србија, а земја поддржувач е Унгарија. На отворањето на Саемот беа доделени златни медали за најдобрите туристички и угостителски компании од регионот.
Како што соопштија организаторите, директорот на Саемот Никола Ловриќ на отворањето истакнал дека веќе се почнати преговори со министерот за култура и туризам на Република Северна Македонија, следната година и нашата земја да биде земја поддржувач на саемот. Со ова, нашата држава ќе биде дел од понудата на туристички и културни атракции за големите тур оператори кои изложуваат на Саемот.
Целта е взаемна соработка за зголемување на бројот на туристи кои годишно ја посетуваат нашата држава, но и унапредување на услугите и размена на искуства.бт/лв/