Јужнокорејската полиција го прекина обидот да упадне во канцеларијата на претседателот Јун Сук-јеол
- Јужнокорејската полиција денеска го прекина повеќечасовниот обид за упад во канцеларијата на претседателот Јун Сук-Јол, откако претседателската служба за безбедност одби да соработува во истрагата против претседателот на земјата, кој е обвинет за бунт за прогласување воена состојба во земјата минатата недела, пренесе јужнокорејска новинска агенција.
Сеул, 11 декември 2024 (МИА) - Јужнокорејската полиција денеска го прекина повеќечасовниот обид за упад во канцеларијата на претседателот Јун Сук-Јол, откако претседателската служба за безбедност одби да соработува во истрагата против претседателот на земјата, кој е обвинет за бунт за прогласување воена состојба во земјата минатата недела, пренесе јужнокорејска новинска агенција.
Како што е соопштено од полицијата, неговото обезбедување наместо да ѝ дозволи на полицијата да влезе во кабинетот на претседателот, доброволно и предало „многу ограничени“ документи и материјали.
Тим од 18 истражители пристигна претпладне во претседателската канцеларија за да бара материјали поврзани со уредбата за прогласување воена состојба, вклучително и записи од седницата на Владата одржана непосредно пред Јун Сук Јеол да прогласи воена состојба на 3 декември, соопшти Националната полиција агенции.
Во налогот за претрес, Јун Сук Јеол беше наведен како осомничен, а нареден е и претрес на комплексот во кој се наоѓа неговата канцеларија, салата за состаноци на кабинетот и претседателските безбедносни служби, како и седиштето на заедничката команда, која, во текот на шест часа колку што траела прогласената воена состојба, како своја командна просторија го користела подрумот на зградата.
Полицијата се обидувала да влезе во зградата за да заплени материјали поврзани со работата на заедничката команда. Јун Сук Јеол е осомничен за бунт и му е забрането да ја напушти земјата, што го прави првиот актуелен претседател на Јужна Кореја кому му е забрането да ја напушти земјата. рп/
Фото: МИА архива