Јужнокорејската армија испука предупредувачки истрели врз севернокорејски војници
- Јужнокорејската армија денеска соопшти дека испукала предупредувачки истрели откако десетина севернокорејски војници ја нападнале граница што го дели Корејскиот Полуостров

Сеул, 8 април 2025 (МИА) – Јужнокорејската армија денеска соопшти дека испукала предупредувачки истрели откако десетина севернокорејски војници ја нападнале граница што го дели Корејскиот Полуостров.
- Нашата армија внимателно го следи движењето на севернокорејските војници и презема неопходни мерки во согласност со оперативните процедури, се наведува во соопштението на Генералштабот на јужнокорејската армија.
Вчера околу 1.500 севернокорејски војници биле забележени како расчистуваат и поставуваат бодликава жица долж линијата на фронтот и се очекува да спроведат воена вежба.
Јужнокорејските вооружени сили објавија дека се подготвени да се справат со какви било активности на севернокорејската армија.
Северна и Јужна Кореја технички во војна се повеќе од седум децении, од почетокот на конфликтот помеѓу нив во 1950 година. Конфликтот заврши во 1953 година со примирје, но, не и со мировен договор. ми/
фото: МИА архива