• петок, 22 ноември 2024

Јужна Кореја ги престигна САД, Кина го освои третото злато

Јужна Кореја ги престигна САД, Кина го освои третото злато

Париз, 28 јули 2024 (МИА) – На 33-те Летни олимписки игри што се одржуваат во Париз од 26 јули до 11 август денес ќе се поделат 13 комплети медали во осум спортови.

Одличја ќе се доделат во : стрелање, велосипедизам, џудо, скејтборд, стрелаштво, слалом веслање, пливање и мечување.

Кинескиот тим го освои златниот медал во дисциплината воздушен пиштол на 10 метри за мажи трет за нив во Париз.

Јужна Кореја исто така освои злато во дисциплината воздушен пиштол на 10 метри за жени и ги престигна Американците на листата на медали.

До овој момент водат Австралија и Кина со по три злата, Јужна Кореја има два, САД, Франција, Белгија, Јапонија, Казахстан, Германија и Хонконг по еден златен медал. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан