• сабота, 03 август 2024

Најмалку шест деца загинаа, а 19 се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Најмалку шест деца загинаа, а 19 се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Мидлбург, 1 август 2024 (МИА) - Најмалку шест деца загинаа, а 19 други се тешко повредени во судар меѓу товарен воз и училишен автобус во Јужна Африка, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Владата.

Според локалните медиуми, несреќата се случила вчера попладне во близина на селото Мафубе, во близина на градот Мидлбург, на околу 180 километри североисточно од Јоханесбург.

Училишниот автобус, во кој имало 30 деца, ја преминал железничката пруга додека возот се приближувал, се вели во соопштението.

Министерството за транспорт ја цитираше полицијата дека возачот на автобусот избегал од местото на несреќата.

Машиновозачот и екипажот на возот не се повредени. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан