• петок, 09 август 2024

Јувентус испрати подобра понуда за Копмајнерс

Јувентус испрати подобра понуда за Копмајнерс

Торино, 8 август 2024 (МИА) -  Јувентус доставил нова и подобрена понуда до Аталанта за холандскиот играч од средниот ред Тун Копмајнерс, пишува новинарот Фабрицио Романо.

Понудата на „бјанконерите“ за дваесет и шест годишниот играч во износ од близу 55 милиони евра со вклучени бонуси би го направила рекорден домашен трансфер во Серија А за играч од средниот ред. Претходната понуда на Јуве беше 45 милиони евра.

Како што е познато, Копмајнерс долго време беше мета на гигантот од Торино, а денеска од зборовите на тренерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини стана јасно дека холандскиот фудбалер најавил штрајк и одбивал да тренира со тимот, бидејќи сака трансфер во Јувентус.

Наскоро се очекува развој и голема е веројатноста да се постигне разбирање меѓу двата клуба.

Копмајнерс имаше многу силна минатата сезона, постигнувајќи 15 гола и 7 асистенции во 51 натпревар за Аталанта. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан