• петок, 22 ноември 2024

Јованчев: Со ребалансот на буџетот обезбедуваме 1,7 милијарди денари за исплата на субвенции за земјоделците

Јованчев: Со ребалансот на буџетот обезбедуваме 1,7 милијарди денари за исплата на субвенции за земјоделците

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Земјоделието е еден од приоритетите во ребалансот на буџетот за 2024-та година. Со овој ребаланс обезбедуваме 1,7 милијарди денари за исплата на субвенции за земјоделците, изјави Зоранчо Јованчев, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. 

На денешната прес-конференција во Собранието на Република Северна Македонија, Јованчев истакна дека, веднаш штом ќе биде изгласан ребалансот, средствата ќе бидат исплатени.

- Повеќе земјоделците нема да бидат принудени да чекаат за своите напорно изработени пари. Веднаш штом ребалансот ќе биде изгласан овие средства ќе бидат исплатени на нивните сметки, рече тој.

Дополни дека за програмата за наводнување се предвидени дополнителни 14 милиони денари. ар/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан