• четврток, 09 јануари 2025

Јапонската метеоролошка организација цел на кибер напад

Јапонската метеоролошка организација цел на кибер напад

Токио, 9  јануари 2025 (МИА) - Јапонската метеоролошка организација денеска објави дека била цел на кибер напад, при што привремено бил оневозможен пристапот до нејзината информативна веб-страница, но експертите набрзо успеале да ја вратат страницата.

Организацијата соопшти дека нејзината веб-страница „tenki.jp“ била под таков хакерски напад во кој мрежата ја преплавуваат голем број податоци од повеќе извори за краток временски период, пренесуваат јапонските медиуми.

Во серија неодамнешни кибер напади биле зафатени јапонски компании, вклучувајќи ги „Џапан Ерлајнс“, NTT Docomo Inc и големите банки. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан