• понеделник, 23 декември 2024

Јапонската економија се намали за три отсто поради проблеми со синџирот на снабдување

Јапонската економија се намали за три отсто поради проблеми со синџирот на снабдување

Токио, 15 ноември 2021 (МИА) - Економијата на Јапонија се намали со побрзо темпо од предвиденото во третиот квартал, откако нарушениот синџир на снабдување и зголемениот број новозаразени со Ковид-19 влијаеше на деловните и потрошувачките трошоци. Тие податоци ги засилуваат предизвиците со кои се соочуваат новите владини планови за раст.

И додека многу аналитичари очекуваат дека третата по големина светска економија ќе закрепне во тековниот квартал, влошените глобални производствени проблеми претставуваат растечки ризици за иднината.

- Падот се покажа многу поголем од очекуваното поради ограничувањата на синџирот на снабдување, што сериозно влијаеше на производството и капиталните трошоци, рече Такеши Минами, главен економист во Истражувачкиот институт Норинчукин.

Тој очекува економијата да закрепне овој квартал. - Но, темпото на закрепнување ќе биде побавно бидејќи потрошувачката не започнува добро, дури и по олеснувањето на ограничувањата за Ковид-19 кон крајот на септември, додаде Минами.

Економијата се намали за 3 отсто на годишна основа во кварталот од јули до септември, покажуваат прелиминарните податоци за бруто домашниот производ (БДП), објавени денеска. Просечната прогноза на пазарот беше за пад од 0,8 отсто. паг/

Остани поврзан