• сабота, 13 јули 2024

Јапонија предупреди на зголемени тензии поради кинеските воени вежби во близина на Тајван

Јапонија предупреди на зголемени тензии поради кинеските воени вежби во близина на Тајван

Токио, 12 јули 2024 (МИА) – Јапонија денеска ја предупреди дека Кина дека со воените вежби во близина на Тајван ризикува ескалација на тензиите и проширување на конфликтот во регионот.

Јапонија во годишната „Бела книга на одбраната“ од 548 страници, исто така ги истакнува плановите на Кина да го удвои својот нуклеарен арсенал на повеќе од илјада боеви глави до 2030 година.

Во документот се споменуваат плановите на Северна Кореја да ги зајакне своите капацитети за нуклеарен напад со помош на сателитите за надзор и со нови, понапредни ракети, од кои некои можат да стигнат до САД.

Јапонија изразува загриженост и поради Русија и нејзините воени врски со Кина, а од неодамна и со Северна Кореја. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан