• петок, 13 септември 2024

Јамал: Да се ​​достигне нивото на Меси е невозможно

Јамал: Да се ​​достигне нивото на Меси е невозможно

Барселона, 13 септември 2024 (МИА) - Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал нема намера да го напушти „Камп Ноу“. 17-годишниот напаѓач, кој е проценет на 120 милиони евра, не е заинтересиран за евентуален трансфер во друг клуб.

-Не сакам да платат 120 милиони за мене, бидејќи тоа би значело заминување од Барса. Се надевам дека ова никогаш нема да се случи. Сонувам да станам легенда на Барселона, изјави Јамал во програмата „Ел Хормигуеро“.

Европскиот шампион со Шпанија повторно беше запрашан како се носи со споредбите со Лионел Меси.

-Ми се допаѓа што ме споредуваат со најдобриот фудбалер во историјата, но јас сакам да бидам свој. Да се ​​достигне нивото на Меси е невозможно, изјави Јамал. дс

Фото: Архива

Остани поврзан