Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира
- Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски по изгласувањето на општинскиот буџет за годинава во изјава за медиумите истакна дека на денешната седница советниците на ВМРО-ДМПНЕ се обиделе да го блокираат неговот донесување. Посочи дека со таквата постапка, сакале да го запрат функционирањето на општината.
Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски по изгласувањето на општинскиот буџет за годинава во изјава за медиумите истакна дека на денешната седница советниците на ВМРО-ДМПНЕ се обиделе да го блокираат неговот донесување. Посочи дека со таквата постапка, сакале да го запрат функционирањето на општината.
-Ова беше настан без преседан во историјата на локалната самоуправа, каде што советниците на ВМРО-ДМПНЕ се обидоа да го блокираат донесувањето на буџетот, а со тоа да го запрат функционирањето на Општината и исплаќањето плати на вработените од општинската администрација, училиштата и градинките. За среќа, надвладеа разумот и огромна благодарност од мене, од граѓаните на Карпош, од општинската администрација, до советниците на СДСМ, Левица и ГРОМ и двајцата независни советници Невена Георгиевска и Александар Илиески, кои што ја видоа сериозноста која што се создава со не носење на Буџетот, но со жалење можеме да констатираме дека советниците од ВМРО продолжија со нивниот деструктивен однос.
Тоа, потенцира Јакимовски, беше една демонстрација на еден циркуз во кој, како што рече, имаше викање, како и обид да не се продолжи седницата, најмалку јавено 20 пати процедурално, па навредувања.
-Замислете, оној што дава 4.000 амандмани, во кој што најмалку еден бил по еден денар, тие не биле насилни, ние сме биле насилници, кои со мнозинство го носиме буџетот. За жал, сценаристот и режисерот Христијан Мицкоски кој е граѓанин на Општина Карпош, и кој се обиде да ја блокира Општината во која што живее, улогата што му ја доделил на актерот Роберт Вељановски, како главна улога, на крај не успеа да ја додржи ниту споредната улога, туку беше исфрлен на овој кастинг кој што го спроведува останатиот дел од Советот на Општина Карпош. Сега, бидејќи не глуми онаму каде што треба да глуми, се обидува да глуми во Советот на Општина Карпош, истакна Јакимовски.
Претставникот од општинската администрација, Дејан Јонузоски упати благодарност до сите советници
-Голема благодарност од името на сите вработени од Општина Карпош. Благодарност до дел од советниците што ја подржаа нашата борба и го изгласаа буџетот. Ова беше една победа за целата администрација која што и понатаму ќе продолжи да ги исполнува своите работни обврски, рече Јонузоски. фф/ац/
Фото: Општина Карпош