• вторник, 10 март 2026

Јакимовски МВП на колото во Еврокупот

Јакимовски МВП на колото во Еврокупот

Тренто, 11 декември 2025 (МИА) - Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски е избран за најкорисен играч (МВП) на 10. коло во Еврокупот.

Јакимовски пред два дена го предводеше Тренто до победа на гостувањето кај Бург со 91:73.

Македонецот натпреварот го заврши со 30 поени, седум скока и три асистенции или 43 индексни поени. 

Воедно, Јакимовски постави нов клупски рекорд по индекс поени за италијанскиот тим на евросцената. зс/

Фото: Еврокуп „Х“

Остани поврзан