• сабота, 06 јули 2024

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Скопје, 23 мај 2024 (МИА) - Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека утре поради државниот празник Св.Кирил и Методиј, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Како што посочуваат од ЈСП Скопје, дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од 19:00 до 19:30 часот е последно возење кон врвот, односно во 19:45 часот надолу. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан