Јавниот долг на Србија на крајот на јануари изнесуваше 39 милијарди евра, 41,3 проценти од БДП
- На крајот на декември минатата година, јавниот долг изнесуваше 39,35 милијарди евра, што претставуваше 44,4 проценти од БДП.
Белград, 10 март 2026 (МИА) - Јавниот долг на Србија на крајот на јануари оваа година изнесуваше 39 милијарди евра, или 41,3 проценти од бруто домашниот производ (БДП), објави Министерството за финансии.
На крајот на декември минатата година, јавниот долг изнесуваше 39,35 милијарди евра, што претставуваше 44,4 проценти од БДП.
На крајот на 2024 година, јавниот долг на Србија беше околу 38,9 милијарди евра, или 46,7 проценти од БДП. зш/сд/