• вторник, 13 јануари 2026

Јавна трибина во Кочани за избор на локација за спомен-обележје на загинатите во „Пулс“

Јавна трибина во Кочани за избор на локација за спомен-обележје на загинатите во „Пулс“

Кочани, 10 јануари 2026 (МИА) - Во понеделник (12 јануари), со почеток во 17 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи јавна трибина поврзана со иницијативата на Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на загинатите во „Пулс“.

Општина Кочани информира дека заклучно со 11 јануари 2026 година активна е електронската анкета објавена на мЗаедница, преку која граѓаните може да се произнесат по оваа иницијатива. Потребно е заинтересираните граѓани да креираат профил на линкот http://www.mzaednica.mk/ и да дадат одговор на двете поставени прашања.

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ поднесе барање до Општина Кочани за поставување спомен-обележје на локацијата Стар парк во Кочани, на триаголникот помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на револуцијата“, а Советот на Општина Кочани побара и непосредно учество на граѓаните при донесувањето на одлуката. ис/дма/

Фото: Општина Кочани

Остани поврзан