• вторник, 13 јануари 2026

Во Болницата во Кавадарци формирана комисија за полагање стручни испити за здравствени работници 

Во Болницата во Кавадарци формирана комисија за полагање стручни испити за здравствени работници 

Кавадарци, 12 јануари 2026 (МИА) - Во јавната здравствена установа Општа Болница со проширена дејност Кавадарци, со почетокот на новата година, формирана е комисија за полагање стручни испити за здравствени работници, информираа денеска од оваа здравствена институција.  

-Започнуваме со уште една значајна и позитивна иницијатива. Формирана е комисија за полагање на стручните испити за здравствените работници со завршено средно и високо стручно образование, што претставува важен чекор кон унапредување на професионалниот развој и квалитетот на здравствените услуги, соопштија од болницата. 

Формирани се комисии за образовните профили, медицинска сестра со средно образование и дипломирана медицинска сестра, дипломиран радиолошки техничар со завршено високо стручно образование, фармацевтски техничар со завршено средно стручно образование, физиотерапевти со завршено средно и високо стручно образование, лаборанти со завршено средно и високо стручно образование.

-Оваа иницијатива е уште еден доказ за континуираната посветеност на болницата кон поддршка на здравствените работници, нивниот стручен напредок и унапредување на целокупниот здравствен систем во регионот, подвлекоа од установата. свд/вј/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан