• понеделник, 29 април 2024

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Скопје,18 април 2024

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко - финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура на СРМ и во соработка со Театарот за деца и младинци Скопје во кој учествуваат 5 меѓународни огранизации  од  Србија,  Чешка,  Грција  и  Северна  Македонија  (Eho animato, Peripetija, ArtCanAct, Tri groša, ViceVersa).

Низ оваа мултидисциплинарна авантура ќе патуваме преку креативни алатки и методи, како и разговори со професионалци од разни области, а сето тоа ќе биде крунисано со уметничка продукција во текот на 2025 година. Група од 45 млади од Србија, Северна Македонија и Грција ќе го истражуваат концептот на парите во обид да го прошират своето знаење, да ја изразат својата креативност, да го изострат своето критичко промислување, како и да се впуштат во меѓународна соработка во период од 16 месеци. Серијата работилници, дебатите и дигиталната платформа за соработка ќе бидат преточени во уметнички продукции кои ќе ги активираат нашите креативни, теоретски и имагинативни способности.

Селектираните учесници ќе имаат можност да истражуваат во текот на 10 театарски работилници со уметници од разни области; да учествуваат на Kick-off кампот во Скопје од 27 до 31 август 2024 година заедно со своите врсници од Грција и Србија, да учествуваат во креирањето на виртуелната платформа во соработка со нивни врсници од трите земји; да учествуваат на Feedback кампот со групите врсници, кој ќе се одржи во Белград во текот на 2025 година со целосно покриени трошоци и да бидат дел од уникатен креативен процес, кој ќе резултира со професионални уметнички продукции во 2025 година во Белград, Скопје и во Атина.

 

Перипетија продукција

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан