Ѓурѓај му го честиташе изборот на Адем Хоџа за пратеник во косовскиот Парламент
- Претседателот на македонското друштво „Илинден“ - Тирана, Никола Ѓурѓај, упати честитка до лидерот на „Единствена горанска партија“, Адем Хоџа, за неговиот избор за пратеник во новиот косовск
Тирана, 4 март 2021 (МИА) - Претседателот на македонското друштво „Илинден“ - Тирана, Никола Ѓурѓај, упати честитка до лидерот на „Единствена горанска партија“, Адем Хоџа, за неговиот избор за пратеник во новиот косовски законодавен дом.
-Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден”-Тирана, и во име на македонското национално малциство во Албанија да Ви го честитам изборот за пратеник во косовското Собрание. Ви посакувам голем успех, и убави дела, честа и достоинственоста да Ве следат и да се постојано со вас. Ви ги упатам изразите на нашето највисоко почитување, стои во честитката.
Исто така, се нагласува огромната поддршка од друштвото „Илинден“ затоа што „напредокот и благодетта на областа Гора претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на национален, јазичен, културен и духовен идентитет на Македонците од Гора – Република Косово“.
Хоџа е дел од десетте загарантирани пратенички места за немнозинските заедници. Беше пратеник и во претходниот состав на косовскиот Парламент, со чие залагање реализирани се повеќе инфраструктурни проекти. По занимање е дипломиран инжињер. вт/ац/