• четврток, 11 јули 2024

Ѓурѓај му врачи благодарница „Илинден" на Дејан Костески од РК „Енхалон" од Струга

Ѓурѓај му врачи благодарница „Илинден

Дебар, 10 јули 2024 (МИА) - Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, му  врачи благодарница „Илинден” на Дејан Костески, претседател на Ракометен клуб „Енхалон“, Струга.

- Денеска ми беше чест во името на македонското друштво “Илинден”-Тирана, на Костески,  лично да му ја врачам Благодарница “Илинден".  Му беше доделена со одлука на раководството на друштвото, по повод 15 – годишнината од формирањето на друштвото, рече Ѓурѓај за МИА.

Во 2022 година,  Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Ракометниот клуб „Енхалон“ од  Струга, потпишаа Меморандум за соработка, во чии рамки, меѓу другото,  друштвото и ракометниот клуб а со поддршка на хуманитарната организација „Свети Спас“ од Скопје, редовно,  со новогодишни пакетчиња ги радуваат Македончињата во Голо Брдо.

На средбата е искажан заеднички став соработката да продолжи и се надградува.

Инаку, ова признание се доделува на поединци и институции кои со својот ангажман најмногу придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Република Албанија. вт/са/


Фото: МД „Илинден"

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан