Ѓорѓиевски: ФК “Вардар” мора да постои - обезбедена поддршка за баражот
- СООПШТЕНИЕ: За ФК “Вардар” пред најважниот натпревар оваа сезона, е обезбедена финансиска поддршка од градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, информираат од Општината.
Скопје, 21 мај 2024 - За ФК “Вардар” пред најважниот натпревар оваа сезона, е обезбедена финансиска поддршка од градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, информираат од Општината.
На денешниот тренинг на тимот Ѓорѓиевски лично на “Вардар”, Вардарци и Комити, како што се вели во соопштението „им даде збор дека за многу брзо време работите ќе се променат на подобро, и “Вардар” никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација“.
-“Вардар” е душата на Скопје и како еден од нив, ќе го дадам и последниот атом од мене за да се одржи клубот. Како и во минатото, така и сега во пресрет на баражот во недела, обезбедени се финансиски средства за да опстои нашата гордост. “Вардар”, Вардарци и Комити не се оставени сами на себе. Мојата подадена рака ќе стои секогаш тука за нив. И да, ќе одиме на врвот - таму каде што припаѓаме! А во една блиска иднина, за многу брзо време кога работите ќе се променат на подобро, “Вардар” никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација. Го имате мојот збор!. Се гледаме во недела, во 17 часот на стадионот во Струмица. ФК ВАРДАР : ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА! За Вардар, за нашето славно минато и блескава иднина, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, се вели во соопштението од Општина Кисела Вода. аа/vg/
Фото: Општина Кисела Вода