Ѓорѓиевски: Во Градскиот парк се уредуваат пешачките патеки и се обновува урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци
- Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во Градскиот парк се уредуваат пешачките патеки со поставување на бела ризла и се обновува урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци.
Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во Градскиот парк се уредуваат пешачките патеки со поставување на бела ризла и се обновува урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци.
-Градскиот парк е срцето на Скопје, каде градот дише, а луѓето уживаат во природата. Во овој момент ги уредуваме пешачките патеки со поставување на бела ризла и ја обновуваме урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци, напиша градоначалникот.
Паркот, како што посочува тој, го оплеменуваме и со нови дрвја, создавајќи похумана и позелена средина за сите.
-Да го чуваме и да уживаме во него, затоа што ова е наше заедничко богатство кое треба да го оставиме и на идните генерации - потенцира градоначалникот Ѓорѓиевски. фф/са/
Фото: Принтскрин од видео