• недела, 22 декември 2024

Ѓорческа експресно го мина првото коло во Порто

Ѓорческа експресно го мина првото коло во Порто

Порто, 18 јули 2024 (МИА) - Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа неделава настапува на уште еден ИТФ фјучрс турнир со награден фонд од 60.000 долари од категоријата W75, во Порто (Португалија). Ѓорческа на овој турнир ќе игра на тврда подлога, за разлика од претходниот турнир што го играше на земја во Рим.

Во првото коло Лина вчера ја совлада домашната тенисерка Карла Томаи која настапи со вајлд карта. Македонската тенисерка експресно ја мина првата пречка и за 37 минути со 2-0 ја совлада ривалката и притоа загуби само еден гем (6:0 и 6:1). Единствениот гем Ѓорческа го загуби на почетокот на вториот сет кога Томаи поведе со 1:0.

Во мечот од второто коло Ѓорческа денес ќе игра против четвртата носителка Маја Џоинт од Австралија (18 години, 161 место ВТА листа), која во првото коло ја совлада Матилде Жорге од Португалија. 

Мечот би требало да почне по 16:30 часот по македонско време.

На турнирот во квалификациите настапуваше и македонската тенисерка Магдалена Стоилковска, која беше совладана од Олга Хелм од Данска. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан