• петок, 22 ноември 2024

Ѓоковиќ за Индијан Велс: Сега е 2024 година, а последен пат играв овде во 2019 година, пет години се предолго

Ѓоковиќ за Индијан Велс: Сега е 2024 година, а последен пат играв овде во 2019 година, пет години се предолго

Индијан Велс, 28 февруари 2024 (МИА) - Најдобриот тенисе рна светот, Новак Ѓоковиќ го коментираше неговото враќање на Мастерсот во Индијан Велс.

Србинот веќе пристигна во САД и тренира.

- Сега е 2024 година, а последен пат кога играв на Индијан Велс беше 2019 година. Пет години се предолги без учество на турнир во „тенискиот рај“, еден од најдобрите турнири во светот, омилениот Мастерс на многу играчи, меѓу кои и јас. Се сеќавам на 2008 година, кога за прв пат ја освоив титулата во Индијан Велс. Во тоа време тоа беше една од најголемите титули во мојата кариера. Го победив Марди Фиш во финалето. Имав доволно среќа да го освојам трофејот уште четири пати и да имам епски финалиња против Федерер и Надал и другите големи играчи од ерата. Едвај чекам да се вратам.

АТП Мастерсот во Индијан Велс ќе се игра од 6 – 17 март. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан