Ѓоковиќ е олимписки шампион
- Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион! Во големото финале во Париз, српскиот тенисер го надигра Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2).
Париз, 4 август 2024 (МИА) - Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион! Во големото финале во Париз, српскиот тенисер го надигра Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2).
Ова беа петти Олимписки игри во кариерата на Новак Ѓоковиќ. Први во кои играше финале. И оние каде што го оствари сонот за златен медал.
Како најстар финалист во историјата на олимпискиот турнир, го победи најмладиот финалист - Карлос Алкараз, во борбата за најголемото одличје. дс
Фото: Принтскрин