• понеделник, 23 декември 2024

Ѓоковиќ го победи Алкараз и го освои турнирот во Синсинати

Ѓоковиќ го победи Алкараз и го освои турнирот во Синсинати

Синсинати, 21 август 2023 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на турнирот во Синсинати го совлада Шпанецот Карлос Алкарас со резултат 5:7, 7:6 (9:7), 7:6 (7:4). Средбата траеше 3 часа и 50 минути.

Триесет и шестгодишниот Србин имаше два аса, пет грешки на вториот сервис и три брејк топки од 16. Дваесетгодишниот Шпанец забележа 11 аса, пет двојни сервис грешки и четири брејк топки од 10.

 

За Ѓоковиќ ова е четврти трофеј во 2023 година и 95. титула во кариерата. Исто така, Србинот по трет пат го освои турнирот во Синсинати.

 

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 6,6 милиони долари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан