• понеделник, 23 декември 2024

Шутаров: Тендер од 136 милиони е причината за кавгата со Арсовска, Мицкоски да каже која е неговата улога

Шутаров: Тендер од 136 милиони е причината за кавгата со Арсовска, Мицкоски да каже која е неговата улога
Скопје, 16 септември 2022  Пари од тендер вреден 136 милиони евра е причината за жестоките кавги меѓу Данела Арсовска и Христијан Мицкоски. Една година по локалните избори се виде вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата партија на која и се битни само провизиите, тендерите со народни пари, не и се важни интересите на граѓаните. Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да каже која е неговата улога во спорниот тендер од 136 милиони евра? По сите јавни обвинувања за наводен криминал, треба да реагираат и надлежните институции и да го истражат овој случај. Ниту граѓаните не ги интересираат односите на Арсовска и Мицкоски, дали им се нарушени, дали со тоа кријат нешто друго или не. Скопјани очекуваат развој на градот, реализација на ветените проекти кои никаде ги нема. Тоа, со ваква градска власт, за жал не е возможно. Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.                    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан