• сабота, 21 декември 2024

Шукова ги претстави националните очекувања од Инвестициската платформа пред првите луѓе на ЕБОР, МАА и  АИИБ

Шукова ги претстави националните очекувања од Инвестициската платформа пред првите луѓе на ЕБОР, МАА и  АИИБ

Скопје, 3 декември 2023

На покана на организаторите, во рамките на 28-та сесија на Конференција на страните на UNFCCC (COP28) министерката Шукова учествуваше и се обрати на заедничкиот настан на Европската банка за обнова и развој, Меѓународната агенција за енергија и Азиска инфраструктурна инвестициска банка за пристапите засновани на секторска платформа на земја и градење на основа за зголемена и забрзана климатска акција. 

На настанот се разменија мислења за тоа како пристапите засновани на платформи во земјата можат да помогнат да се забрза декарбонизацијата и мерките за адаптација и отпорност и како можат мултилатералните развојни банки и другите засегнати страни да ги поддржат овие процеси преку координирани мерки за политички дијалог, инвестиции и финансиска помош и градење на капацитети. 

Министерката Шукова зборуваше за Платформата на Република Северна Македонија, за иницијативите и очекувањата. 

“Со потпишувањето на платформата го таргетираме најзначајниот извор на емисија на стакленички гасови во земјата, но исто така го таргетираме и секторот со најдобро социјално влијание. Нашите очекувања од платформата се поврзани со пополнување на инвестициската празнина потребна за спроведување на сценариото за ублажување, што покажува дека само преку партнерства помеѓу различни чинители (влади, банки, приватни инвеститори) е можна праведна енергетска транзиција“ истакна Шукова во своето излагање. 

Таа додаде дека имаме развиен патоказ и планови за имплементација за финансирање за имплементација на нашите Националано определени придонеси кон договорот од Париз. Знаеме колку ќе чини и од каде може да се распределат инвестициите, дека имаме јасно изразена политичка определба докажана со неколку усвоени документи за транзиција на зелена енергија, кои им дадоа сигурност на инвеститорите, а паралелно, како Влада работиме на олеснување на трансферот на технологии за чиста енергија во земјата преку поставување на соодветна регулаторна рамка. 

„Поттикнувањето на соработката со меѓународните организации, соседните земји и глобалните иницијативи за споделување на најдобрите практики, искуства и ресурси се исто така од големо значење“ потенцираше таа.

На настанот се обратија Фатих Бирол извршен дирекотр на Меѓународна агенција за енергија, д-р Ранија А. Ал Машат министер за меѓународна соработка Египет, Џин Линкун претседател на Азиска инфраструктурна инвестициска банка (AIIB) и  Одил Рено Басо претседател на Европската банка за обнова и развој.

Министерство за животна средина и просторно планирање

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МЖСПП

 

 

Остани поврзан