• сабота, 23 ноември 2024

Шуица предлга отворањето на Конференцијата за иднината на Европа да биде во Дубровник

Шуица предлга отворањето на Конференцијата за иднината на Европа да биде во Дубровник
Загреб, 20 јануари 2020 (МИА) - Потпретседателката на Европска Комисија Дубравка Шуица денеска предложи Конференцијата за иднината на Европа да почне во Дубровник на 9 мај. Шуица, која е потпретседателка на ЕК за демократија и демографија, задолжена е за организирање на Конференцијата за иднината на Европа. Според замислата на ЕК, Конференцијата треба да почне на 9 мај, на Денот на Европа и да трае две години, но темите, рамката и формата треба да ги усогласат ЕК, Советот и Европски парламент. - Отворањето на Конференцијата би можело да биде во Хрватска, а мој предлог е Дубровник. Ако се прифати, хрватскиот Парламент би требало да има важна улога во тоа, посочи Шуица. Конференцијата е замислена како форум за поврзување на европските граѓани, цивилното општество и европските институции со цел Европејците да кажат каква ЕУ сакаат и како да се управува со истата. ми/

Остани поврзан