• сабота, 15 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Штитеник на старечки дом во Белгија уби двајца свои состанари, а рани трет  

Штитеник на старечки дом во Белгија уби двајца свои состанари, а рани трет  

Брисел, 28 февруари 2025 (МИА) – Штитеник на дом за стари лица во градот Дентергем во западниот дел на белгискиот регион Фландрија со нож нападна тројца свои состанари, убивајќи двајца од нив и нанесувајќи му сериозни повреди на трет. 

Градоначалникот на Дентергем, Кунрад Дегроуте, кој утрово го посети домот, изјави дека при овој „шокантен настан“, две лица починале на самото место, додека третото е во критична состојба и е преносно во болница. 

Како што јави белгиската државна телевизија ВРТ случајот бил забележан од негувателите во домот во текот на ноќта, кои веднаш ја известиле полицијата и повикале брза помош. 

Осомничениот напаѓач, чиј идентитет не е соопштен, е приведен во полициска станица, а на местото на настанот увид вршат форензички тимови. 

Мотивите за нападот засега не се познати.

- За домот за стари лица и за општината ова е шокантен настан. Нашите мисли сега, пред сè, се со жртвите и нивните семејства, изјави Дегроуте. сп/

Фото: Скриншот ВРТ

Остани поврзан