• сабота, 18 мај 2024

Штип дел од проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините“

Штип дел од проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините“
Штип, 23 април 2021(МИА) - Општина Штип учествува во проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините“, со фокус на парафискалните давачки. Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов денеска имаше средба со претставниците на „АГОРА“- Центар за промовирање на граѓански вредности, кои се носители на проектот, а на која е  потпишан меморандум за соработка. Николов, вели дека преку активностите на проектот ќе се зајакнат капацитетите на локалните чинители во областите, финансиска транспарентност на буџетот на општината, парафискални трошоци и јавни набавки, мониторинг, застапување, градење партнерства и јавни претпријатија. -Посебни цели на проектот вклучуваат: да се зајакнат капацитетите на локалните граѓански организации и на мрежата Фискас да станат активни чинители во процесите на финансиска транспарентност во општината,  да се подобри буџетот на општината и транспарентност на парафискалните давачки, да се воспостави дијалог заснован врз докази, со повеќе засегнати политики за следење на финансиската транспарентност и градење ефективни општински политики, вели Николов. Посочува дека очекува и да се зголеми јавната свест за придобивките, што ги дава повисоката транспарентност, отчетност и одржливост за граѓаните и бизнисите, во нивните улоги и капацитетите да дејствуваат на локално ниво. вдј/аа/

Остани поврзан