• петок, 05 декември 2025

Штипските ученици се натпреваруваа во пружање на прва помош

Штипските ученици се натпреваруваа во пружање на прва помош

Штип, 28 април 2025 (МИА) – Во Општинското основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“-Штип денеска учениците од основните и средните училишта од Општина Штип се натпреваруваат како да  дадат прва помош.

Секретарот на Општинската организација(ОО) Црвен Крст Штип, Деспина Димитровска изјави дека натпреварот се организира неколку години по ред, а учениците имаат можност да покажат како се делува во итни случаи, при повреди.  

-Натпреварот се спроведува на траекторија со три работни бази по првата помош, една од спортско и забавно рекреативен карактер, катче за ментално здравје, како и квиз за десиминација. За успешна реализација на натпреварот ангажирани се судии, шминкери како и голем број на волонтери за логистичка поддршка, рече Димитровска.

Мануела Манева-Ристова лекар по општа медицина истакна дека праксата покажува оти се повеќе младите се вклучуваат во активности и настани преку кои учат, како да дадат прва помош во дадена ситуација и тоа без разлика дали станува збор за психолошка помош, брза помош при изгубена свест или само повик на 194.

-Првата помош е животна вештина. Овде помагаат учесници кои се наоѓаат на лице место. Треба да се знае како да се делува во итна ситуација. На пример, загуба на свест, загуба на работа на срцето, дишењето и мора веднаш да се реагира, рече Манева-Ристова.

Учениците од основните и средни училишта сметаат дека ваквите натпревари се од големо значење и токму затоа се дел од нив. Учат како да пружат прва помош во итни случаи и кога тоа е најпотребно. Екипата од средношколци која ќе победи денеска ќе продолжи на регионален натпревар по прва помош, кој ќе се одржи на 17 мај во Скопје. вдј/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан