• недела, 22 декември 2024

Штипската Клиничка болница доби нова донација

Штипската Клиничка болница доби нова донација

Штип, 17 октомври 2023 (МИА) - Штипската Клиничка болница доби десет нови медицински кревети кои се донација од Асоцијацијата „Алзас“  Македонија – АЛМА. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за поголема донација, од која дел е наменет за Штип, а останатиот за Скопје.

-Ова е проект кој се води под покровителство на Министерството за здравство, добиени се поголем број на електрични медицински кревети, коишто ќе бидат распоредени во здравствените установи во Скопје, а ние успеавме еден дел од таа донација да донесеме во Клиничка болница – Штип. Оваа донација заедно со веќе најавените душеци, коишто во наредните ден – два ќе стигнат во Клиничка болница Штип, ќе ги обновиме речиси сите душеци и на малку повисоко ниво ќе ги подигнеме здравствените услови на пациентите, вели Ѓеорѓијев.

Претседателот на Асоцијацијата „Алзас“ Македонија – АЛМА, Жак Шелф вели дека ова е четврти пат  асоцијацијата да донира медицинска опрема за македонските пациенти, а прва за штипската Клиничка болница. Тој истакна дека желба имаат, но дали понатаму ќе следат уште донации зависи од ресурсите и финансиите.

-Ние донесовме десет електрични медицински кревети за болницата, што е дел од поголема донација за Министерството за здравство. Повеќето работи се во Скопје за болниците таму, а овде во Штип донесовме десет кревета, вели Шлеф.

Асоцијацијата во државава е присутна петнаесетина години, а досега има помагано и во образованието со донација на образовни установи, а организирани се и културни настани.вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан