• недела, 07 јули 2024

Шпанските ракометари поуспешни од Египет во мечот за бронзениот олимписки медал

Шпанските ракометари поуспешни од Египет во мечот за бронзениот олимписки медал
Токио, 7 август 2021 (МИА) – Во натпревар за третото место на Олимписките игри во Токио, шпанската ракометна репрезентација претпладнево го победи Египет со 33:31. Предноста од три гола (19:16) остварена на полувремето, Шпанците успеаја да ја преточат во бронзен медал, додека египетскиот национален тим не успеа за првпат во историјата да освои медал на ракометниот олимписки турнир. За првото место и златниот медал ос 14 часот ќе играат Франција и Данска. Финалето ќе го судат македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. зс/

Остани поврзан