• сабота, 21 декември 2024

Шпанската Ла Лига објави рекорден вкупен приход

Шпанската Ла Лига објави рекорден вкупен приход

 

Мадрид, 15 април 2024 (МИА) – Шпанската фудбалска Ла Лига оствари рекорден вкупен приход од 5,69 милијарди евра за сезоната 2022-2023, откако приходите се зголемија за 17,8 отсто во споредба со претходната сезона и надминаа 5,07 милијарди генерирани во сезоната 2019-2020, објави денеска Ла Лига.

Растот е поттикнат од рекордните комерцијални приходи (за 28,6 проценти), како и од растот на приходите од натпреварите (36,9 проценти) благодарение на рекордната посетеност на стадионите, при што клубовите втора сезона по ред закрепнуваат од влијанието на пандемијата на Ковид 19.

Ла Лига ја проби границата од 15 милиони гледачи за прв пат во историјата на шпанскиот фудбал, со просечна искористеност на капацитетите од 72 проценти во сезоната 2022-2023.

Приходите од трансфери малку се зголемија на 679 милиони евра од 402 милиони евра пред една година, но сепак се далеку под 1,12 милијарди евра во 2019-2020 година.

Во инфраструктурата беа инвестирани и рекордни 848 милиони евра, вклучувајќи ја и инвестицијата на Реал Мадрид во реновирањето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и неговата околина. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан