• петок, 17 мај 2024

Шефот на турската дипломатија разговараше со лидерот на Хамас

Шефот на турската дипломатија разговараше со лидерот на Хамас

Анкара, 21 јануари 2024 (МИА) – Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, го прими шефот на палестинската вооружена група „Хамас“ Исмаил Ханија, јави агенцијата Анадолија, повикувајќи се на извори од турското Министерство за надворешни работи.

Двајцата размениле мислења за можноста за што побрз прекин на огнот во Појасот Газа.

Се разговараше и за прашања поврзани со зголемување на обемот на хуманитарна помош за Газа и ослободување на заложниците.

Фидан и Ханија се осврнаа и на прашањето за решавање на кризата врз основа на создавање две држави со цел да се воспостави траен мир во регионот. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан