• вторник, 14 мај 2024

Шефот на МААЕ, Гроси пристигна во посета на Иран

Шефот на МААЕ, Гроси пристигна во посета на Иран

Техеран, 6 мај 2024 (МИА) - Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси денеска пристигна во посета на Иран, јавија светските агенции, повикувајќи се на локални медиуми.

Гроси со претставници на иранските власти ќе разговара за нуклеарната програма на земјата.

Тој ќе учествува на меѓународната конференција за нуклеарни науки и технологии и ќе се сретне со „највисоките претставници на нуклеарната програма и политичките власти“ во Иран, јавија иранските медиуми.

Гроси се надева дека ќе го зајакне надзорот на МААЕ врз иранската нуклеарна програма по серијата неуспеси во тој поглед. Но, аналитичарите и дипломатите велат дека тој има само ограничена моќ и треба да внимава да не добие празни ветувања, наведуваат агенциите. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан