• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шефот на МААЕ во Иран оваа недела

Шефот на МААЕ во Иран оваа недела

Виена, 14 април 2025 (МИА) - Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека ќе го посети Техеран во текот на неделата, пред новата рунда преговори меѓу Иран и САД претстојниот викенд.

-Неопходно е да се продолжи ангажманот и соработката во време „кога итно се потребни дипломатски решенија“, напиша Гроси на платформата „Х“.

Според дипломатски извори, посетата на Гроси е закажана за четврток.

МААЕ, со седиште во Виена, е одговорна за следење на спроведувањето на договорот склучен во 2015 година, а во тек се преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма.

Првиот разговор се одржа минатиот викенд во Оман, а следниот ќе се одржи в сабота во Рим. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан