• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји идната недела ќе ја посети Русија

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји идната недела ќе ја посети Русија

Пекинг, 28 март 2025 (МИА) - Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, на покана на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, од 31 март до 2 април ќе престојува во официјална посета на Русија, соопшти денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џакун.

Тој најави дека за време на посетата на Русија, Ванг ќе се сретне со Лавров и со руските лидери, со кои ќе разговара за развојот на кинеско-руските односи и меѓународните и регионалните прашања од заеднички интерес.

На редовниот брифинг со новинарите, Гуо рече дека Кина и Русија се сеопфатни стратешки партнери и дека меѓу Кина и Русија постои трајно добрососедско пријателство, пренесоа кинеските медиуми. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан