• понеделник, 04 ноември 2024

Шефот на британската дипломатија на средба со колегите од ЕУ заради „рестартирање на односите“ по Бргезит

Шефот на британската дипломатија на средба со колегите од ЕУ заради „рестартирање на односите“ по Бргезит

Луксембург, 14 октомври 2024 (МИА) - Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами денеска изјави дека неговата одлука да присуствува на состанокот на неговите колеги од Европската Унија во Луксембург претставува уште еден важен чекор во „ресетирањето на односите“ со ЕУ по Брегзит.

- Ова е историски момент што го означува рестартирањето на нашите односи со Европската Унија, рече Лами по пристигнувањето во Луксембург.

- Безбедноста на Британија и Европа е неделива, потенцираше тој.

Лами ќе се придружи на групата од 27 министри за надворешни работи на ЕУ на разговори во Луксембург за Блискиот Исток и војната во Украина, соопшти Форин Офисот во соопштението за печатот.

Британски министер за надворешни работи не присуствувал на ваков состанок на ЕУ веќе две години, но новата британска Влада се стреми кон подобрување на односите со Унијата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан