• недела, 07 јули 2024

Шест пожари на отворено низ државава изминатите 24 часа

Шест пожари на отворено низ државава изминатите 24 часа

Скопје, 9 јуни 2024 (МИА) - Шест пожари на отворено се регистрирани низ државава изминатото деноноќие, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во општина Ѓорче Петров гореле ниска вегетација и депонија. Ниска вегетација горела и во село Миладиновци, општина Илинден, потоа во регионот на прилепските нови гробишта, како и на територија на кавадаречката населба Глишиќ.

Останатите два се евидентирани на гевгелиска територија. Дива депонија горела во регионот на индустриската зона „Блок техно“, а пожар зафатил и деградирана ниско стеблеста шума на „Мрзненски рид“.

Сите шест пожари се изгаснати. бд/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан