Шеста редовна крводарителна акција во Дебар, собрани 26 крвни единици
- Општинската организација на Црвен крст-Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денеска ја спроведе шестата редовна крводарителна акција за годинава.
Дебар, 4 декември 2023 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст-Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денеска ја спроведе шестата редовна крводарителна акција за годинава.
Екипата беше сместена во просториите на гимназијата „ 28 ноември" и за неколкучасовниот престој беа прибрани 26 крвни единици.
Меѓу дарителите има и ученици и професори од ова единствено средно училиште во оваа општина.
- Денешната беше претпоследна акција за годинава а на 20 овој месец планираме да ја спроведеме последната акција. До сега сме имале и две вонредни акции. Она што посебно сакам да го нагласам е фактот дека добар дел од оние кои ја подаваат раката и даруваат крв се млади, како што беше и денеска, изјави за МИА, Исни Телќиу, секретар на општинската организација.
Според него годишниот план изнесува 650 крвни единици. До сега собрани се 494, што значи исполнување на планот за 76 отсто.вт/свс
Фото: МИА