Шекеринска – Панајотопулос: Северна Македонија и Грција се искрени и посветени сојузници во НАТО
- Довербата меѓу Северна Македонија и Грција од ден на ден сè повеќе расте, заклучија министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот грчки колега Николаос Панајотопулос на денешната раб
![Шекеринска – Панајотопулос: Северна Македонија и Грција се искрени и посветени сојузници во НАТО](https://new.mia.mk/images/20221107231121_big_730x400_79.webp )
Скопје, 13 јули 2021 (МИА) - Довербата меѓу Северна Македонија и Грција од ден на ден сè повеќе расте, заклучија министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот грчки колега Николаос Панајотопулос на денешната работна средба во рамки на Меѓународната изложба за одбрана и безбедност во Грција, на која присуствува делегација од Министерството и Армијата.
- Од нашиот договор за билатерална соработка за 2021 може да се заклучи дека се движиме во позитивен правец. Околу 70 предвидени активности се потврда дека Северна Македонија и Грција отворија поглавје на сојузништво во интерес на двете земји, но и на целиот регион, изјави Шекеринска.
Шекеринска, исто така, посочи дека соработката меѓу двете земји се одвива и во рамки на Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), чиј домаќин е нашата земја, а во која учествува и Грција од каде во моментов е и командантот на единицата.
Двајцата министри, како што информира Министерството за одбрана, ја потенцирале соработката во рамки на НАТО мисијата air-policing како сигнал за сојузништво и висока доверба меѓу двете држави.
Панајотопулос, се наведува во соопштението, порачал дека Грција е партнер и сојузник на Северна Македонија во одбраната, и дека ќе продолжи да ја поддржува нашата земја и во ЕУ.
На средбата, меѓу другото, било изразено задоволство од придонесот на Северна Македонија во регионалната стабилност и безбедност преку учеството во мисијата КФОР во Косово, а се разговарало и за наша контрибуција во грчкиот корпус на НАТО силите за брзо распоредување и во Балканската борбена група во рамките на ЕУ, HELBROC, предводена од Грција.
Одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и Грција, како што информираат од МО, се одвива и преку обуки за падобранство на нашите армиски специјални сили во Грција, при што мината недела заврши дваесетдневната обука на која учествуваа и припадници на воздухопловниот ВИНГ. аа/сп/
![thumbnail_slika_2](/articles/images/shekerinska-pana-otopulos-severna-makedoni-a-i-grci-a-se-iskreni-i-pos/TR6IfyC1N/placeholder.webp?use_watermark=0)