• сабота, 12 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан

Шекеринска - Соренсен: Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за стабилноста на Западен Балкан

Белград, 1 април 2025 (МИА) - Заменик генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска синоќа оствари средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, при што рече дека континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за зачувување на стабилноста на Западен Балкан.

„Одлично е што се сретнав со Петер Соренсен, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина. Континуираната соработка меѓу НАТО и ЕУ е клучна за зачувување на стабилноста во регионот на Западен Балкан“, објави Шекеринска на социјалната мрежа Х.

Соренсен ја сподели таа објава од Шекеринска, заблагодарувајќи и се за разговорот.
„Се радувам на блиска соработка“, објави Соренсен. 

Минатата недела Соренсен беше во прва посета на Белград по преземањето на функцијата,а претходно - во тридневна посета на Косово. зш/
фото Шекеринска Х/

Остани поврзан