• четврток, 21 ноември 2024

Шекеринска: Жените подобро се справуваат со предизвиците, треба да бидат погласни и да разговараат за феминистичките прашања

Шекеринска: Жените подобро се справуваат со предизвиците, треба да бидат погласни и да разговараат за феминистичките прашања

Скопје, 29 октомври 2023 (МИА) - Жените, мирот и безбедноста се многу поврзани со реалниот живот. Жените многу подобро се справуваат со предизвиците, тие треба да бидат погласни, но и да разговараат за феминистичките прашања, потенцираше вчера потпретседателката на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска на панел дискусијата „Влијанието на анти-родовото движење на агендата на жените, мирот и безбедноста“ во рамки на регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство во Скопје.

Шекеринска потенцираше дека борбата и аргументите се пред нас, можеме да се ангажираме со емоции и страст, но треба да имаме и отворено срце, бидејќи ако не ја отвориме вратата за сите жени, тогаш феминистичкото движење ќе ослабе.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето излагање на конференцијата рече дека нивната заедничка цел е да ги соберат на едно место сите прогресивни жени и активисти, на еден заеднички фронт во борбата за еднакво и одговорно општество, базирано на европски вредности.

Тој посочи дека најголемиот позитивен чекор во унапредувањето и прифаќањето на прогресивните идеи за половата рамноправност е направено во периодите кога социјалдемократите се на власт.

-Усвоивме документи што отворија нови перспективи и први започнале со зголемување на процентуаната застапеност на жените во партиските органи, се до целосна рамноправна застапеност, со што се покажа дека се спремни да ја менуваат политичката и општествена стватност, а на ниво на МВР и БЈБ при МВР има жени на клучни раководни позиции, рече Спасовски.
 
Регионалната Академија е во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и ФЕС Дијалог Југоисточна Европа.бт/аа/

Фото/ Фондацијата Фридрих Еберт

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан