• понеделник, 23 декември 2024

Швајцарскиот парламент одобри продажба на 25 неактивни тенкови „Леопард 2“ назад на Германија

Швајцарскиот парламент одобри продажба на 25 неактивни тенкови „Леопард 2“ назад на Германија

Берн, 27 септември 2023 (МИА) - Швајцарскиот парламент ја одобри продажбата на 25 тенкови „Леопард 2“ назад на нивниот германски производител со одлука со која ќе се овозможи префрлање на деактивираните тенкови во други европски земји, јави ДПА.

Овој потег е веќе одобрен од швајцарскиот национален совет. Швајцарската влада допрва треба да одлучи за деталите и времето на продажбата.

И покрај руската инвазија на Украина и снабдувањето со оружје од многу европски земји за Киев, Швајцарија ја одржува својата политика на неутралност. Швајцарскиот закон за воена опрема бара да не се доставува воена опрема на земјите вклучени во вооружени конфликти.

Берн соопшти дека оваа одлука важи без разлика дали некоја земја - како Украина - била нападната и сака да се брани.

Швајцарската влада во јуни ја отфрли понудата на швајцарската компанија за вооружување RUAG да продаде 96 тенкови „Леопард 1“, што се чуваат во Германија, за да можат прво да бидат ремонтирани и потоа испорачани во Украина. 

Германската влада во февруари побара од Швајцарија да ги продаде неактивните тенкови назад на германската компанија за оружје Рајнметал, ветувајќи дека тенковите нема да и бидат предадени на Украина. Место тоа, „пензионираните“ швајцарски тенкови ќе се користат за надополнување на залихите во земјите на ЕУ или НАТО што се намалени заради испораките за Украина, која во моментов ја одбива руската инвазија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан